Во соработка со GEFF и EBRD
Поддршка во вид на финансиски стимулации
Нашата компанија овозможува опрема и системи кои добиваат финансиска стимулација од GEFF и EBRD .
Успешно имплементираните и верифицирани проекти може да бидат подобни за добивање на финансиска стимулација за:
- дo 20% прифатливи трошоци за прифатливи проекти имплементирани во поединечни станови или куќи, кои вклучуваат технологии од листата на Технолошкиот селектор, во зависност од видот на проектот;
- домашни апарати (на пр. фрижидери, замрзнувачи и клима уреди) не се подобни за добивање на инвестициски стимулации.
Б. Групи физички лицa, станбени задруги*, даватели на услуги*
- дo 35% прифатливи трошоци за проекти во згради со повеќе станови, кои вклучуваат технологии од листата на Технолошкиот селектор, во зависност од видот на проектот;
- домашни апарати (на пр. фрижидери, замрзнувачи и клима уреди) не се подобни за добивање на инвестициски стимулации.
* Стимулациите за инвестиции мора да се пренесат на крајниот корисник (енергија) во форма и со содржина која EBRD ги смета за прифатливи.
Ц. Трговци и производители не се подобни за инвестициски грант.
Кога ќе се инсталира Вашата технологија, може да аплицирате онлајн за ЕУ грант преку Систем за верификација (VMS).
Оваа онлајн алатка може да се користи и од компјутер и од мобилен уред. Вие може да го започнете барањето за верификација, да го зачувате и да продолжите со работа кога Ви одговора користејќи било кој уред. Системот овозможува лесно прикачување на документи што можат да бидат фотографирани за време на процесот на аплицирањето. Може да го следите напредокот на Вашето барање преку системски генерирани емаили или со најавување во VMS.
Тимот на GEFF ќе потврди дека технологијата е инсталирана, при што може да е потребна посета и потврда на лице место.
По успешната потврда Локалната банка партнер во Програмата ќе го исплати финансискиот грант на Вашата сметка. Со тоа Вашиот проект може да стане една од успешните приказни на GEFF.
Дознајте повеќе како да го користите VMS – видео упатство.