Кои се моите опции?
Доколку ви е потребен систем за користење на електрична енергија во домаќинство или друго живеалиште, тогаш вашата опција е да изградите систем со моќност до 6kWh за да имате можност да склучите договор за откуп на вишокот произведена електрична енергија со компанијата која ви доставува (ЕВН). За комерцијални потреби, односно индустриски објекти на правно лице имате можност за иведба на систем со моќност до 40kWh електрична енергија.
Дали можам да го надоградам системот?
Доколку исталирате систем со помала моќност од максимално дозволената, истата може да ја надградите до крајната граница, но е потребно дополнитлни проектни документации и процедури.
Дали имаат гаранција системите?
Опремата со која е извршена изведбата на фотонапонските систѕеми подчежи на долгогодишна гаранција издадена од производителот. Самиот систем има гаранција од компанијата која го има инсталирано системот и истата е потребно да има склучено договор за одржување и сервис.
Колку е времето на поврат на инвестицијата?
Зависно од која тарифна категорија на потрошувач сте (1, 2, 3 или 4) и дали сте домаќинство или правно лице повраттот на инвестицијата со моменталните цени на ел.енергија трае од неколку години до максимални 10. Истата инвестијија има период на искористливос од минимум 25 години.