Skip to content Skip to footer

Соларна инсталација

Инсталација на коси кровови

Инсталација на фотонапонски системи на коси кровови се врши на едноставен начин со користење на држачи и шини за коси кровови. Во зависност од видот на кровот, ќерамиден, лимен и неговиот агол се користат соодветни држачи.

Пристапот на кровот е потежок за разлика од монтажа на земја, така да се користи механизација како дигалки, корпи и мини кранови за поставување на опремата на кровната површина. При проектирање на позицијата на фотонапонските панели потребно е да се земе во предвид позицијата на кровот (југ, исток запад) и соодв етно да се остави простор за движење помеѓу панелите при нивното одржување и сервисирање.