Фотонапонските панели во принцип не бараат некое посебно одржување и сервисирање, со оглед на фактот дека немаат некои подвижни машински елементи и слично, но сепак во текот на работниот век треба нивно следење на работните услови и параметри. Најчесто одржување кои фотоволтаиците го бараат е нивно чистење од насобрана прашина, која најчесто зависи од местоположбата на инсталацијата на фотоволтаичниот систем.
Некои системи кои се во средина со помала прашина може да поминат и со две три чистења годишно, доколку некои системи и до еднашп месечно чистење. Поновите технологии на фотонапонски панели (како на пример безрамните) имаат помала теориска шанса за насобирање на прлавштина и корозија околу рамката за разлика од другите. Како потенцијални дефекти може да се јават конекциите помеѓу панелите, на ДЦ конекторите каде што поминува еднонасочен напон и струја.
Сето тоа влијае на рентабилното производство на електрична соларна енергија и треба да се има во предвид кога се гради ФНС да зе избере компанија која ќе го следи производството и која ќе ги отсранува можните грешки и дефекти во системот.



Во зависност од капацитетот на ФНЦ а и правлилниот избор на компонентите, битен факт е избор на компанија која има капацитет на редовно сервисирање и одржување. Во некои случаи каде што банката се јавува како инвеститор преку кредитна линија, обавезно е истото да го прави таква компанија со која инвеститорот ќе има годишни договори за РТО.